Mediantrop

object349757056

Mediantrop broj 13

Театрот како коридор за културна промена

Foto: Bob Wilson Foto: Bob Wilson Искра ГешоскаИскра ГешоскаЗошто театарот во Макеоднија стреми кон елитизација, банализација, испразна помпезност, надворешни ефекти, отсуство на значења и недостиг на критички дух потврден преку естетски современи кодови? Дали станува збор за генералниот тренд во културното и уметничкото творештво кај нас, кој пропагира спектакл, декоративност без продлабочена социјална семантика? Од каде конфузијата во однос на тоа што треба да претставува тетатрот, која е неговата улога во општетството и како тој се вткајува во социо-културниот контекст?

Зошто театарот во Макеоднија стреми кон елитизација, банализација, испразна помпезност, надворешни ефекти, отсуство на значења и недостиг на критички дух потврден преку естетски современи кодови? Дали станува збор за генералниот тренд во културното и уметничкото творештво кај нас, кој пропагира спектакл, декоративност без продлабочена социјална семантика? Од каде конфузијата во однос на тоа што треба да претставува тетатрот, која е неговата улога во општетството и како тој се вткајува во социо-културниот контекст?

Каков театар ни е потребен во овие скудни времиња? Ова се само дел од прашањта кои во последниве неколку години се покренуваат имајќи го на ум расчекорот што се случува во рамки на тетарската продукција и иницијатива во Македонија, споредбено сопоставена на она што се основнитепоетички начела на театарот, поставени од дамнина и трансформирани во содружништво со развојот на филозофските, социолошките и културолошките парадигми низ вековите, а особено во втората половина на двесеттиот и поечтокот на дваесет и првиот век.

Изведбеноста во Македонија е сериозно загрозена и како сценско-драматуршки чин, но и како политички перформатив кој треба да биде во разговор со социо-културниот простор. Таа не ја извршува својата функција на „диоптриско огледало“, во кое ќе ги согледаме сите општествени белези и рани, но и на место на отпорот во однос на слоевитиот општествен калабалак.

Се чини дека во Македонија веќе подолго време постои застој во развојот во тетатарската уметност (и во перформативниот дел но и во драмското творештво) заради изместените параметри во толкувањето на она што театарот (имајќи ја на ум историјата на тетатрот) треба да е, и она што се наметнува како негов функционален императив.

Foto: Bob Wilson Foto: Bob Wilson Овде, културата и уметност, па следствено и тетарот како најструктуриран и најкомплексен аспект во уметничките практики, се прифаќаат и се практикуваат со предзнакот „елитно“. Тоа е парадокс по себе, особено имајќи го на ум мотивот за појавата на теататрската уметност – имено, тетарот се појавува за да ја искомуницира и искоментира општетсвената, политичката, историската реалност и за да понуди рефлексија за некоја можна, нова реалност, за да го претстави сеопфатното, повеќеслојното и повеќезначното лице на светот и на релациите во него. Како што рече големиот Антонен Арто, театарот мора да биде двојник на светот, но двојник со кој светот ничкум, наопаку ќе се преврти.

Тој е клучниот коректив и длабоката совест на контекстот во кој се појавува. А за да ја обавува таквата своја функција, за која Аристотел велеше дека претставува единство на просторот, времето и местото во кое единство, преку сплет на собитија и интензивни дејствија, се доживува катарза, прочистување, разбистрување на перспективите, светогледите, хоризонтите, потребен е интензивен, динамичен мислечки апаратус кој преку актерот и режисерот ќе го исполни тој „празен простор“ на секојдневието со осознавачки дух.

Она што најмалку му е потребно на театарот за тој да ја изврши својата општествена и естетска функција не е кадифе, срма и злато, ниту пак згради-споменици кои ќе талкаат ни внатре-организационата структура и ќе создаваат поданичка репертоарна политика – тетатрот никако не смееме да дозволиме да ја добие онаа своја 17то вековна изманипулирана улога на симбол на моќта на владетелот и слугувањето на авторот.

Оние кои го создаваат театарот мора жестоко да се спротистават на секој обид за ваков насилен упад во неговата сушност. Театарот треба и мора да биде во дијалог, отворен, ослободен од какво било дејствување управувано по диктат на центрите на моќ.  

Постојат неколку одредници клучни за суштината на тетатрот:

  1. Театарот, пред сè, треба да претставува критика, субверзија, прекин со доминантните модели на естетското, уметничкото, егзистенцијалното и политичкото.
  2. Театарот е континуиран експеримент, битка, отпор, стимулација.

Помеѓу сцената и светот мора да постојат коридори, исчекори, капии низ кои ние ќе минуваме поттикнати и спремни да ја препознаеме нужноста од културната промена.

Во време кога може со сигурност и загриженост да се констатира дека постои криза на вистината, токму тетатрот мора да стане знаменоносец на исчезнатата, речиси утописка идеја за вистинољубие.

Сиромаштијата, се вели дека е еден од аргументите за скудниот, непоттикнувачки театар. Но, Гротовски, таткото на експерименталниот и алтернативен театр, вели нешто сосема спротивно. Тој тврди дека тетатарот треба да отфрли сè освен актерот и неговото тело. Тетатарот треба да располага со „хумани инструменти и неограничено време“. Според него, тетатарот треба да биде во моќно и одговорно проникнување со значењата на стварноста и општеството. А за да го стори тоа не му се потребни раскошни згради, пари, светкави и блескави салони, златни балкони, скапи костими и сценографија туку напорна работа, дисциплина, прецизност.

Foto: Borba, Grotowski Foto: Borba, Grotowski Foto 2: Beznadeznost, Grotowski Foto 2: Beznadeznost, Grotowski

 

 

 

 

 

 

 

Нам ни е потребен „посветен театр“. „Посвтениот театр“, како што го нарекува еден од најголемите режисери на дваесеттиот век, Питер Брук, е театар во кој невидливото ќе стане видливо. Длабоко сме свесни дека најголемиот дел од животот им се измолкнува на нашите сетила. И токму театрот е оној јавен простор кој треба да ни го подари измолкнатото, невидливото. Но тоа нема да го стори преку елитизација, раскош на надворешни ефекти, кои само дополнително ќе ја зајакнат илузијата без да отворат пат за соочувачката битка со неугодното во културата. Бидејќи на тетатрот не смее да му е цел самиот тетатр. Целта му е преку естетизација на стварноста и на политичкото да се осветлат најтемните думани на животот и преку болното соочување со порозноста на светот, да се пресоздаде истиот.

Конечниот ефект на тетатрот би требало да биде повеќе сурово, анархоидно етички отколку бесмислено естетски. Се разбира, потребата од експеримент, од радикални нови форми на комуникација со стварноста никогаш не треба да исчезнат. Но тетатрот, сосема спротивно од она што се подразбира кај нас, има задача да биде во спрега со „официјалната култура“, со догматските системи на вредности, да има полемички rasion d’être, виталност, непокорност.

Театарот мора себеси да се согледа како алтернатива и авангарда во уметничкото и политичкото промислување на светот. Тој мора да ги најде начините на кои ќе проговори за сето она за кое индивидуата или толпата молчи.

На некој начин, тетатрот треба да претставува манифест за иднините сништа на општеството.

Токму затоа сметам дека е нужно што поскоро театарските уметници во Македонија да осознаат дека можат и требаат да ги понесат одговорноста и бремето на времето, создавајќи едноставен, но моќен театар – тетатар кој ќе биде посветен, соголен, но достоен да ги понесе парадигмите на фантазматското, на илузијата која ќе биде директен атрибут на промената и на критичкиот дух во општеството. Едноставно, театар кој ќе биде место на отпорот.

Foto: BrehtFoto: BrehtFoto: BeketFoto: Beket

 Искра Гешоска